Официјален
EC-Council
Boot Camp

Аплицирај за BOOSTER
од 100€ по курс

Пријавете се

image phone
Обуки

EC-Council официјални курсеви

EC-Council е најголемото тело за техничка сертификација за сајбер безбедност во светот. Застапени се во 145 земји на глобално ниво и се сопственици и развивачи на светски познатата обука Certified Ethical Hacker (CEH), како и Computer Hacking Forensic Investigator (CHFI), Certified Network Defender (CND) меѓу другите. EC-Council со нивните програми обучиле и сертифицирале над 300.000 професионалци за безбедност на информации на глобално ниво, кои влијаат на начинот на размислување за сајбер безбедноста на безброј организации низ светот.

Официјалните EC-Council курсеви содржат цел опсег на вештини и знаење потребно за градење и менаџирање на компјутерски мрежи со информациско комуникациска сигурност како и ефективно користење на различни ресурси со цел постигнување на одлична функционалност. Содржината на курсевите не се врзува за еден производител на хардвер или софтвер со што на слушателите им ја презентира целата слика на областите во IT индустријата.

Курсеви

Сертифициран Етички Хакер (CEH) е специјалист кој вообичаено работи во околина на црвениот тим, фокусиран на напад на компјутерските системи и добивање пристап до мрежите, апликациите, базите на податоци и другите критични податоци на обезбедени системи. CEH ги разбира стратегиите на напад, користењето на креативните вектори за напад и ги имитира вештините и креативноста на малициозниот хакер. За разлика од малициозните хакери и актери, сертифицираните етички хакери работат со дозвола од сопственикот на системот и ги презема сите неопходни превентивни мерки за да се осигура дека резултатот ќе остане доверлив.

Број на часови: 40
Цена: 1250€
Цена со BOOSTER: 1150€


Дознај повеќе

CNDv2 е за сите оние кои работат како мрежни администратори, во доменот на сајбер безбедност, мрежни инженери, мрежни администратори за безбедност, аналитичари, инженери за сајбер безбедност, аналитичар на безбедноста, техничари за мрежна безбедност итн. CNDv2 е за сите оперативни улоги во сајбер безбедноста и секој кој сака да изгради кариера во доменот на сајбер безбедноста.

Број на часови: 40
Цена: 1000€
Цена со BOOSTER: 900€


Дознај повеќе

Пријавете се

Придобивки

  • Официјална EC-Council обука со електронски материјали и практични вежби
  • Официјална EC-Council сертификација (ваучер за испит)
  • Подготовка за полагање на официјален испит
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма


image

Семос Едукација е Акредитиран Тренинг Центар на EC-Council со што ви нуди официјални EC-Council курсеви и можност за полагање на EC-Council испитите.

Контактирајте не

Ирена Ивановска | Сениор Директор