Официјален
ISTQB
Boot Camp

Аплицирај за BOOSTER
од 75€ по курс

Пријавете се

image phone
Обуки

ISTQB официјални обуки

Тестирањето е суштински и неопходен дел од животниот циклус во развој на софтвер, и игра клучна улога во обезбедувањето на високо-квалитетен производ.

Тестирањето на софтвер е навистина потребно и помага рано да се идентификуваат дефектите и грешките што се направени за време на развојните фази, кој можат да влијаат на перформансите, функционалноста, безбедноста или корисничкото искуство на софтверот во подоцнежните фази во развојот, а со тоа се намалуваат трошоците потребни за корегирање во иднина.

Многу е важно да се обезбеди квалитетот на производот. Квалитетниот производ што им се доставува на корисниците им помага во стекнување на нивната доверба.

Курсеви

Овој курс е основен курс и е создаден со цел на слушателите да им овозможи знаење за некои од основните принципи на тестирање. Ќе научите како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање.

Број на часови: 24
Цена: 400€
Цена со BOOSTER: 325€


Дознај повеќе

Agile тестирањето е релативно нов пристап кон тестирање на софтвер кое ги следи принципите на развој на софтвер наведени во Agile Manifesto. Тестер на Agile проект ќе работи поразлично од тестер кој работи на традиционален проект. Тестерите мораат да ги разбираат вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тестерите се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците.

Број на часови: 20
Цена: 500€
Цена со BOOSTER: 425€


Дознај повеќе

A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level е практичен курс за софтвер тестирање наменет за професионалци кои сакаат да се стекнат со основно познавање на Selenum WebDriver за креирање на автоматски тестови за веб апликации. По успешно завршување, учесниците самостојно ќе можат да креираат и да извршат автоматски тестови со Selenium WebDriver.

Број на часови: 24
Цена: 500€
Цена со BOOSTER: 425€


Дознај повеќе

Овој курс ги опишува сите задачи што еден тест аналитичар мора да знае како да ги имплементира во процесите на тестирање на софтверот. На тој начин, оваа програма ги опишува сите фази од процесот на тестирање на софтверот каде што секој Тест аналитичар треба да ги имплементира своите тактики и техники за да воспостави успешен процес на тестирање. Од овој курс, студентите ќе научат и како да направат разлика помеѓу секоја алатка и автоматизација за тестирање, да ги земат предвид нивните предности и недостатоци и на крајот да одлучат која алатка ќе се имплементира во процесот на тестирање.

Број на часови: 24
Цена: 650€
Цена со BOOSTER: 575€


Дознај повеќе

Програмата на овој курс ќе им овозможи на студентите да научат како да стават фокус на дизајнирање, развивање и одржување на решенијата за автоматско тестирање. Тие ќе се стекнат со знаење во врска со концептите, методите, алатките и процесите кои се среќаваат во автоматизираните функционални и динамички тестови, а во истовреме и врската помеѓу тие тестови со менаџирањето на истите, конфигурацискиот менаџмент, менаџментот на слабостите и дефектите, сите процеси во развивање на софтверот и сигурноста на квалитетот.

Број на часови: 20
Цена: 850€
Цена со BOOSTER: 775€


Дознај повеќе

Пријавете се

Придобивки

  • Официјална ISTQB обука
  • Официјална ISTQB литература


image

Семос Едукација доби статус на акредитиран провајдер на обука за ISTQB Certified Tester Foundation Level (CTFL) и ISTQB Certified Tester Foundation Level – Agile Tester (CTFL-AT) од страна на UK Testing Board (UKTB).

Контактирајте не

Душан Натевски | Специјалист за продажба на ISTQB курсевите