Официјален
OpenSource
Boot Camp

Аплицирај за BOOSTER
од 50€ по курс

Пријавете се

image phone
Обуки

OpenSource официјални обуки

Брзиот развој на информатичката технологија предизвикува големи промени во начинот на функционирањето на луѓето во нивниот деловен и приватен живот. Со таа цел сè повеќе се развиваат апликации, кои ќе им овозможат на корисниците со нивното користење да им го олеснат секојневното живеење.

Овие курсеви се наменети за сите оние слушатели кои сакаат да се запознаат со основните концепти на програмирањето и начини на развивање на апликации во различни програмски јазици и технологии.

Курсеви

Растечката популарност на Node.js го направи една од најкористените платформи во последниве неколку години. Базиран на V8 JavaScript механизмот користен во Google Chrome привлече програмери кои веќе имаа искуство во frontend делот, но и backend програмери кои имаат потреба од event driven платформа. Кога станува збор за бази на податоци, MongoDB е неодделив дел од Node.js. Овој првенец на NOSQL движењето молњевито ја зазема главната улога како база на податоци во многу компании.

Број на часови: 30
Цена: 340€
Цена со BOOSTER: 290€


Дознај повеќе

Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да знаат како се креираат современите веб апликации. ReactJS е слободна за употреба JavaScript библиотека која се користи за креирање на еднострани мобилни и веб апликации како и повеќекратно употребливи елементи. Креаторот на ReactJS e Џордан Вок кој е софтверски инженер во Facebook, за чии потреби во 2011 година за прв пат се употребува оваа JavaScript библиотека.

Број на часови: 30
Цена: 340€
Цена со BOOSTER: 290€


Дознај повеќе

Пријавете се

image

Контактирајте не

Ирена Ивановска | Сениор Директор